Соопштенија

Истрага против дилер на марихуана од Скопје

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 16 февруари, при претрес во домот на осомничениот 41-годишник на улицата „Загрепска“, полицијата пронашла 132,4 грама марихуана, како и повеќе исушени, искршени и деумно соголени гранчиња од растението канабис. Исто така, пронајдена е и дигитална вага со остатоци од кокаин.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор спрема осомничениот. Судот, ценејќи ги околностите, донесе решение со кое на осомничениот му определи мерка куќен притвор.