Соопштенија

Истрага за дилер на марихуана од тетовско Слатино

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 6 февруари, во семејниот дом во тетовското село Слатино, осомничениот држел 74,37 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во повеќе помали пакувања, скриени на различни локации во неговата соба.

За 31-годишниот осомничен, за кого постои опасност да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител предложи да биде определена мерка притвор. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​