Соопштенија

Истрага за кокаин пронајден во Глумово

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 4 декември, во својот дом во село Глумово, заради продажба држел наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 6.3 грама. Дрогата била одземена при претрес на домот од страна на овластени службени лица.