Соопштенија

Истрага за пронајден метадон и ампули диазепам

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 25 март, во својот дом на улицата „Ордан Чопела“ во Гази Баба неовластено заради продажба држел 97 шишенца метадон со вкупен волумен од 970 мл, како и 980 фабрички ампули психотропна супстанција – инјекционен раствор на диазепам со вкупен волумен од 1.960 мл.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 47-годишник.​