Соопштенија

Истрага за шпански државјанин кај кого била пронајдена дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, 35-годишен шпански државјанин со престојувалиште во Скопје, на 28 октомври, на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, во внатрешниот лев џеб на јакната заради продажба неовластено држел едно полиетиленско пакување наркотична дрога – хероин во вкупна нето маса од 10,39 грама и две полиетиленски пакувања наркотична дрога – кокаин во вкупна нето маса од 0,70 грама. Дрогата била пронајдена и одземена при рутинска контрола и личен претрес на осомниченото лице.

Јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.