Соопштенија

Истрага за тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На 28 ноември, на магистралниот пат Битола-Ресен, осомничената жителка на Ресен управувала автомобил „Мазда 3“ под дејство на недозволено количество од 0,98 грам промили алкохол во крвта. Во алкохолизирана состојба не ја приспособила брзината на автомобилот кон условите на патот – остра кривина и намалена ноќна видливост. Како резултат на ова возилото излетало надвор од коловозот на левата страна и удрило во заштитната ограда. Дел од оградата се откинал при ударот и навлегол во внатрешноста на возилото кон совозачкото седиште, а сопатникот во автомобилот се здобил со тешки телесни повреди на мозокот и починал.

По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка куќен притвор за осомничената.​