Соопштенија

Италијански државјанин обвинет за поседување дрога

Обвинителен акт против едно лице поднесе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 17 мај, на Меѓународниот аеродром Скопје, при личен преглед на обвинетиот 38-годишен државјанин на Република Италија, во неговата патна торба биле пронајдени 8,01 грама марихуана, 3,33 грама хашиш и 18 милилитри хашиш масло.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​