Соопштенија

Казнен налог за угостител кој не ги почитувал здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Дебар до Основниoт суд Дебар поднесе Предлог за издавање  казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како управител на угостителски објект, на 12.06.2020 година, обвинетиот послужувал гости по истекот на дозволеното време за работа, односно по 22.00 часот.

За стореното кривично дело, јавниот обвинител побара од Судот да му изрече на обвинетиот парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби.​