Соопштенија

Казнен налог за уништување извршителски печат во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Симнување или оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 19 јули симнал службен печат од овластено службено лице – извршител за осигурување на моторно возило Мерцедес, попишано поради неплатен долг кон една банка. Печатот бил ставен на возилото по поднесено барање за извршување и пресуда од 2009 година од Основниот суд Гостивар. Јавниот обвинител предложи на обвинетиот за стореното да му биде изречена условна осуда со утврдена казна затвор од три месеци.