Соопштенија

Предложени казнени налози за 10 лица во Велес

Против 10 лица Основното јавно обвинителство Велес до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети го прекршиле полицискиот час, односно постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството му предложи на Судот да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби со износ од по 20 евра, односно вкупни казни од по 800 евра во денарска противвредност.