Обвинетиот на 15 март влегол во Република Северна Македонија од Република Австрија при што бил упатен на препораките за заштита од заразна болест COVID 19 и потпишал Изјава за самоизолација. Но при проверка на полициските службеници на 17 март, а потоа и на 19 март обвинетиот не бил затекнат во својот дом. Со тоа, лицето го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик
За стореното кривично дело, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево до Основниот суд во Кичево поднесе Предлог за издавање казнен налог против обвинетото лице со предлог судот да изрече парична казна во висина од 4000 евра во денарска противвредност.