Основното јавно обвинителство Куманово побара парични казни во висина до 1000 евра во денарска потиввредност, за девет лица, жители на Куманово и за едно лице, жител на Крива Паланка. Тие во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па без дозвола се движеле низ Куманово и Крива Паланка.