Соопштенија

Над еден килограм марихуана пронајдени во дом во Скопје, еден осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот на улицата „Кленоец“, на 17 ноември, биле пронајдени 15 стаклени тегли и една зипер-ќесичка со вкупно 1.017,52 грама марихуана. Притоа биле пронајдени и повеќе дигитални ваги со остатоци од дрога.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да го повтори делото.​