Јавна расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“ – 14:00 часот
Продолжува 107-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Северна Македонија на која се одржува јавна расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“. Седницата е закажана со почеток во 14:00 часот, во салата „Борис Трајковски“ во зградата на Собранието на Република Северна Македонија.