Почеток на судење за организаторите на собраниските настани од 27 април (Воведни зборови) – 10:00 часот (одложено)
На 31 мај Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против четири лица кои на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство.
На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик. За две лица, кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.