Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против четири лица за непочитување на полицискиот час во Скопје.
Обвинетите, во посебни кривично-правни настани, биле затекнати како се движат на различни локации во градот во часовите кога, согласно прописите со кои се определуваат мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, движењето на населението е забрането без посебна дозвола.
На овој начин тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози со кои за сите обвинети предложи да бидат определени парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.