Во рамки на ЕУ Твининг проектот „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот Центар“ и согласно планираните активности во Компонента 2 од работниот план, во периодот од 26-ти и 27-ми мај 2021 година, се реализираше дводневна обука на тема „Заеднички истраги (мулти-досциплинарни обуки)“ наменета за истражители од истражните центри.
Оваа обука беше спроведена од г-дин Бенедикт Велфенс, Јавен обвинител од СР Германија, кој во истоимениот проект ја извршува и улогата на Постојан твининг советник (РТА), заедно со неговиот асистент Боро Илкоски.
На обуката присуствуваа истражителите ангажирани во истражните центри на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основното јавно обвинителство Скопје, Основното јавно обвинителство Тетово и Основното јавно обвинителство Куманово.
Обуката се одржа со физичко присуство на отворен простор со почитување на сите предвидени услови и препорачани мерки за заштита од Ковид-19, согласно Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари.