Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице со двојно македонско и канадско државјанство заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот зкаоник.
Обвинетиот 52-годишник без постојано живеалиште во Скопје, на 11 април, за време на важечки полициски час, со автомобил се движел на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“. Со ова тој постапил спротивно на мерките и протоколите за заштита на здравјето на населението од зарaзната болест COVID-19.
За непочитување на полицискиот час Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и против двајца македонски државјани, кои исто така се гонат за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот зкаоник.
За секој од нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлози за издавање казнен налог со кои од судот побара да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја определи на 20 евра во денарска противвредност.