По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на возраст од 57 години, на 28 април неовластено заради продажба набавил наркотична дрога хероин со вкупна тежина од 10 грама. Дрогата, спакувана во две полиетлиенски ќесички, била пронајдена скриена зад огледалото на левиот ретровизор од неговиот автомобил Ауди А6.
Бидејќи се уште постојат законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.