Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против две лица за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. За истиот настан, уште едно лице против кое беше покрената истрага е во бегство. По него е распишана потерница и постапката против него ќе продолжи откако тој ќе биде пронајден.
Имено, обвинетите и лицето кое е бегство, по претходен договор, неовластено произведувале наркотична дрога – марихуана во викенд куќа лоцирана во местото Св.Петка, с.Моране. Трите лица, кои биле во блиско крвно сродство, таму инсталирале систем – лабораторија за внатрешно производство на наркотична дрога – марихуана каде во 202 саксии засадиле и одгледале 246 стебла од растението канабис, од кои 67 растенија со старост од 14 дена, 170 растенија со вегетација од околу 21 ден, 4 растенија со старост од 28 дена и 5 растенија со 7 дена старост.
Воедно тие неовластено заради продажба, држеле вкупна количина од 6.346,41 грама наркотична дрога марихуана со исушени врвни делови кои потекнуваат од растението канабис и тоа во домот каде што живеат и во подрум во станбената зграда во скопската општина Аеродром.
Заедно со обвинителниот акт, надлежен јавен обвинител до судот достави и Предлог за продолжување на мерката притвор за едно од обвинетите лица, ценејќи дека се уште е реално стравувањето дека доколку се пушти да се брани од слобода, ќе се даде во бегство, односно ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, како и тоа дека ќе го повтори кривичното дело за кое се товари. За второто лице од претходно се на сила мерки на претпазливост.