Соопштенија

Обвинение за двајца кои извршија тешки кражби во Скопје

Обвинетите по претходен договор, заедно со умисла искористиле слични околности, па со провалување и кршење во два наврати одзеле туѓи подвижни предмети. На 20 мај годинава, околу 13.00 часот провалиле во куќа во Скопје прескокнувајќи ја оградата и влегувајќи преку гаражата во внатрешноста на објектот. При тоа тие одзеле накит и часовници во вкупна вредност од 112.233,00 денари.  Истиот ден, околу 15.00 часот, обвинетите со употреба на погоден предмет го скршиле прозорот од друга куќа, влегле внатре и по претурање одзеле накит и извршиле демонтирање и одземање на клима уреди и радијатори со вкупна вредност од 31.450,00 денари.

Поради стореното, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог до Основниот суд Скопје 1 Скопје против  обвинетите  со кои ги товари дека сториле кривично дело Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

Едновремено со поднесување на обвинението, јавниот обвинител достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети, бидејќи ценеше дека се уште постојат основите за нејзино определување.