Соопштенија

Обвинение за фалсификување и употреба на лажни исправи за регистрација на полициски синдикат

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица, од кои првото е обвинето за кривично дело – Посебни случаи на фалсификување исправа од член 379 став 1 точка 2, како и за кривично дело – Употреба на исправа со невистинита содржина согласно член 280 став 1 од Кривичниот законик, додека вториот обвинет се товари дека му помогнал да ја употреби исправата со невистинита содржина.

На 6 март, во простории на СВР Велес, првообвинетиот 42-годишен велешанец измамил две лица, наведувајќи ги да се потпишат наводно на пристапници за зачленување во Независниот синдикат на полиција, а притоа им поделил пристапници за тогаш се уште неформираниот Синдикат на полиција во Македонија.

Ваквите исправи, со помош на вториот обвинет 46-годишник од Битола, првообвинетиот ги искористил за упис и регистрација на синдикалната организација. Кон барањето за регистрација на синдикатот биле приложени записници од наводно одржано основачко собрание на Синдикат на полиција во Македонија со список на присутни, иако такво основачко собрание воопшто не било одржано.​