Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Кај обвинетиот 38-годишник додека престојувал во угостителски објект, на 8 февруари 2020 година, при претрес од овластени службени лица пронајден е пиштол марка „Застава“ модел М 57 и 9 куршуми со калибар 7,65 мм.