Соопштенија

Обвинение за силување во Гостивар

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Силување од член 186 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 31-годишен жител на Гостивар, на 27 јули, со употреба на сила и закана извршил обљуба врз девојка која во моментот на сторување на делото имала 17 години. Оштетената, инаку невенчана сопруга на братучед на обвинетиот,  за цело време давала отпор и се обидувала да побегне, но тој со удари со бокс и влечење за коса ја принудил на полови дејствија.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​