Соопштенија

Обвинение за тешка кражба во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 47-годишник, на 28 март, со провалување во патничко моторно возило Ауди на булеварот „Никола Карев“ зад полициската станица „Бит Пазар“ одзел пари, банкарски картички, две службени легитимации од МВР и картичка за влез во МВР, како и други предмети во вкупна вредност од 50.000 денари. Кога ја забележал оштетената како ја остава чантата на задното седиште и го заклучува автомобилот, обвинетиот употребил апарат за блокирање на сигналот и системот за затворање, со што спречил да се заклучи вратата на автомобилот. Кога оштетената се оддалечила тој влегол во автомобилот, ги одзел наведените предмети и избегал.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот.