Основното јавно обвинителство Берово до Основен суд Делчево поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, пензионер на возраст над 67 години, заради прекршување на забраната за движење на 24 април 2020 година. Обвинетиот не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на COVID-19, односно Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ донесена на 45-та седница на Владата на Република Северна Македонија. Тој на 24.04.2020 година за време на забраната за движење, без дозвола за движење, се движел пеш низ градот Делчево, при што по излегувањето од Пензионерскиот дом во 17:45 од патрола на МВР Делчево бил запрен, контролиран и кривичното дело е откриено.
За стореното кривично дело предложена е парична казна од 20 глоби, секоја од нив во износ од по 10 евра во денарска противвредност.