Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 24-годишен скопјанец за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 31 јануари, во семејниот дом во селото Љуботен, обвинетиот со умисла физички ја нападнал и телесно ја повредил неговата мајка. По претходна вербална расправија, тој започнал да ја удира оштетената со тупаници по главата и по телото, нанесувајќи и телесни повреди.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог со кој побара продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетот, ценејќи дека постои опасност од бегство и специфични околности кои упатуваат дека тој би можел да го повтори делото.