Денеска во организација на Амбасадата на САД во Скопје и Амбасадата на САД во Загреб, со поддршка на едукатори од ОПДАТ Скопје и ОПДАТ Загреб, се одржа виртуелна работилница за обучувачи на јавните обвинители, како прва од серијата активности кои ќе следат во рамки на Отворениот ден на јавното обвинителство.
При отворање на виртуелната работилница, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија истакна дека обвинителите своите должности треба да ги извршуваат без влијанија од надвор, да се раководат исклучиво од јавниот интерес и да ја бараат вистината. Во таа насока, додаде Јовески, потребни се активности со кои граѓаните и јавноста ќе се запознаат со работата и одговорноста на институцијата. Како резултат на успешната соработка која Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја негува со Амбасадата на САД, претстојните активности во рамки на проектот ќе бидат насочени кон зајакнување на знаењата на граѓаните за нивните права и можностите да придонесат кон спроведување на правдата.
Обраќајќи се на учесниците, Челси Шинор, ОПДАТ правен советник на Амбасада на САД ги сподели американските искуства, со што се овозможи учесниците да ги зајакнат капацитетите за одржување на активностите кои следат, а со цел подобрување на транспарентноста на јавното обвинителство.