Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со директорот на Царинската Управа Горан Сугарески, на која присуствуваа и Ферат Елези, јавен обвинител од Јавното обвинителство на РСМ и Сашо Рајчев, основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.
На средбата стана збор за заложбите за подобрување на ефикасноста на системот во борбата против криминалот, како и натамошна интензивна соработка во насока на продлабочување на заедничките напори за истрага и кривично гонење, јакнење на капацитетите и координација на надлежните органи.