Соопштенија

ОЈО Гостивар започна истрага против дилер на марихуана од Дебар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Лицето е осомничено дека неовластено им продал наркотична дрога – марихуана на две лица за кои претходно беше отворена истрага на 24 јуни. Осомничениот 33-годишник од Дебар дрогата им ја продал на автопатот Тетово-Гостивар за цена од 8.000 денари.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​