Соопштенија

Основното јавно обвинителство Битола започна истражна постапка против едно лице за сторен – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години

Осомничениот, родум од скопско,  делото го сторил во февруари годинава во Битола, кога престојувајќи во истиот стан со детето извршил полово дејствие врз оштетената – малолетник кој не наполнил 14 години.

По пристигнување на кривичната пријава од МВР – СВР Битола, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, каде запретена казна затвор е од најмалку осум години.

Истовремено, ценејќи дека  се исполнети законските основи јавниот обвинител до судијата на предходна постапка од Oсновниот суд Битола достави Предлог за определување на мерката Притвор за осомничениот.

Судијата на предходна постапка го прифати предлогот , па со решение определи Притвор за осомничениот во траење од 30 дена.