Основното Јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка за две лица осомничени за разбојништво во с. Ротино, по кое оштетеното лице им подлегна на повредите.
Осомничените се гонат за дело кое го сториле на 02.07.2015 година во 03,45 часот, во с. Ротино, кога првоосомничениот, триесет и седум годишен битолчанец, маскиран со фантомка и хируршки ракавици, провалил во куќата на оштетениот – сега покојно лице. Со употреба на сила првоосомничениот го нападнал оштетениот држејќи во едната рака дрвен стап, а во другата нож, удирајќи го повеќе пати со дрвениот стап по целото тело и нанесувајќи му повеќе телесни повреди Потоа осомничениот одзел 22.000,00 денари со намера противправно да ги присвои. Со што првоосомничениот сторил кривично дело Разбојништво од Кривичниот законик.
Второосомничениот, пеесет и три годишен битолчанец, се гони дека со умисла му помогнал на првоосомничениот во извршување на кривично дело Разбојништво на начин што однапред му ветил на првоосомниченииот, прикривање на кривичното дело извршено од првоосомничениот после што го примил во својот дом и во СВР Битола дал исказ дека првообвинетиот во периодот 01/02.07.2015 година од 21,00 до 08,00 часот бил кај него дома. Со што второосомничениот сторил кривично дело Разбојништво од чл. 237 ст. 3 в.в. со ст. 1 в.в. со чл. 24 од Кривичниот законик (помагање).
Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител до судијата на предходна постапка во Основниот суд Битола, за двајцата осомничени предложи донесување на мерка Притвор. Предлогот беше прифатен, по што надлежниот суд со Решение определи мерка притвор за осомничените.