Во текот на вчерашниот ден, околу 15.30 часот, жена на возраст од 64 години, која редовно волонтирала, помагала во црквата Св. Кирил и Методиј во центарот на Гевгелија била брутално физички нападната од едно лице. Сторителот започнал да ја дави оштетената со јаже, по што ја нападнал со тупаници, нанесувајќи и тешки телесни повреди.
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и ги презеде потребните дејствија за прибирање на траги и материјали со цел расветлување на настанот. Во моментов се трага по едно лице кое е осомничено за стореното кривично дело.