Соопштенија

Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место за сообраќајната несреќа кај Росоман

Денес во 12.30 часот случена е тешка сообраќајна несреќа во која живот го загуби едно лице. До несреќата дошло откако патничко моторно возило Форд Фиеста со скопски регистарски таблички , движејќи се на патот, кај местото викано Камендолска спирка во близина на Росоман се исклучило од колоната возила сакајќи од левата коловозна лента да сврти лево на спротивната страна на патот. При тоа, возилото го пресекло патот на друго патничко возило марка Мерцедес,кое доаѓајќи од спротивната насока директно удрило во Форд Фиестата. Од ударот на лице место починало едно лице, патничка на Форд Фиестата, а повредени се возачот и совозачот.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место, при што е издадена Наредба за вршење на обдукција на починатата, Наредби за прибирање на траги од лице место и сообраќајно техничко вештачење.