Соопштенија

Основното јавно обвинителство Куманово го истражува опожарувањето на автомобил

Настанот  се случил на 28 декември, кога осомничениот со намера, употребувајќи запалива материја, опожарил возило Голф 6, сопственост на жител на Куманово.  Според првичните сознанија, причина за стореното дело биле влошени меѓучовечки односи кои траеле неколку години, а започнале кога осомниченото лице било студент на факултет каде сопственикот на возилото е професор.

Од пожарот со кој е предизвикана значителна опасност, било зафатено и друго возило – Пежо 206.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место и издаде потребни насоки за натамошно расветлување на настанот. Ценејќи дека се исполнети законските основи, до Основниот суд – Куманово против осомничениот е поднесен Предлог за изрекување мерка на претпазливост – Одземање на патна исправа.