Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Куманово започна постапка против две лица осомничени за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста

Осомничените сториле кривичнo делo – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста на ден 15.11.2014 година околу 12.30 часот, кога на ул.„11- ти Октомври“, ги нападнале службените лица – полицајци од УПС на СВР Куманово, при вршење работи на јавната безбедност. Полициските службеници биле нападнати по обид да ги легитимираат осомничените кои непосредно пред настанот биле пријавени за нарушување на јавниот ред и мир.
Постапувајќи по поднесената кривична пријава надлежниот обвинител изврши распит на осомничените, по што до судијата за претходна постапка при Основен суд – Куманово поднесе Предлог за определување на мерка Притвор поради постоење на законски основи, како и имајќи ја во предвид тежината на кривичното дело што спаѓа во главата на кривичните дела против јавниот ред.

 ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА