Соопштенија

Основното јавно обвинителство Куманово го расветлува вооружениот инцидент во кој животот го загуби едно лице

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место за случената престрелка во која животот го загуби четириесет и петгодишен жител на Куманово.

Поради основано сомнение дека делото го сториле две лица  истите се лишени од слобода. Кај нив е пронајдено и огненото оружје со кое е сторено убиството.

Надлежниот обвинител издаде наредби  за вршење обдукција, за вештачење на оружјето , на видео записи и траги од местото на настанот.

Во престрелката се повредени две лица, на кои им е пружана медицинска помош.

Обвинителството продолжува со расветлување на настанот.