Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Охрид поднесе Предлог за определување мерка – Притвор за лицето кое му нанесе тешки телесни повреди на чуварот на МЈП „Проаква“

Надлежното Основно јавно обвинителство – Охрид донесе Наредба за спроведување истрага против едно лице за сторено кривично дело – Убиство во обид, од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Осомничениот на ден 14 септември 2014 година , без причина и повод, физички го нападнал чуварот на Meѓyoпштинcкoтo јaвнo пpeтпpиjaтиe „Проаква“ – Охрид, додека вршел службената должност, при што со неколку удари со тврд предмет – камен и употреба на нож му нанел тешки телесни повреди.

Основното јавно обвинителство – Охрид, сметајќи дека се исполнети условите од Законот за кривична постапка, односно дека постои опасност од бегство и од повторување на стореното дело, до судијата на предходна постапка поднесе и Предлог за определување на мерка – Притвор.

Постапката на надлежниот обвинител продолжува во насока на утврдување на сите релевантни факти и околности во извршеното кривично дело.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА