Соопштенија

Основното јавно обвинителство Прилеп работи на утврдување на причините за сообраќајна несреќа во која загина едно лице

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со екипа од крим-техника од МВР ПС Прилеп, вчера изврши увид на патот Прилеп-Македонски Брод, во близина на селото Ропотово, каде се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патничко моторно возило марка „Опел Астра“, од непознати причини излетало во канал надвор од патот, при што на лице место починал сопатникот во возилото, на возраст од 70 години.

Јавниот обвинител веднаш издаде наредби за обезбедување на траги и предмети, со цел да се утврдат причините за несреќата, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот.