Соопштенија

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против 73 годишно лице за сторено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот поради постоење на основано сомнение дека во повеќе наврати во текот на 2014 и 2015  година, преку неговите десктоп и преносен–лап топ компјутер набавувал детска порнографија преку различни интернет страници во форма на фотографии и видео записи. Истите ги зачувал на локалните дискови на неговите компјутери, по што на 23.04.2015 година дел од претходно набавените порнографски содржини кои ги поседувал, односно седумдесет и пет фотографии ги преснимал на преносна УСБ меморија, истите ги донел со себе во Штип и во фото студио нарачал да му бидат репродуцирани.  Осомничениот бил откриен и фатен од страна на полициски службеници при СВР Штип.

Со наведените дејствија осомничениот сторил кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија за што е донесена и Наредбата од страна на надлежниот обвинител. Истовремено, обвинителот поднесе и Предлог за определување на мерка Притвор, сметајќи дека се исполнети законските основи, кој предлог беше прифатен од страна на судијата на предходна постапка, па на осомничениот му е определен притвор во траење на 30 дена.