Соопштенија

Основното јавно обвинителство Скопје води истрага против три лица за лишување од слобода и тешка телесна повреда на едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага против три лица кои се товарат дека противправно лишиле од  слобода едно лице и му нанеле тешка телесна повреда.
Сметајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Предлог за определување на мерки на претпазливост против осомничените.
Судијата на предходна постапка донесе Решение со кое  на осомничените им се забранува напуштање на живеалиштата, имаат обврска да се јавуваат  во суд, одземени им се патните исправи и забрането им е приближување  и одржување секаков вид на контакти со оштетеното лице.
Истрагата во надлежното обвинителство против тројцата осомничени е во тек.