Денеска , Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице. На обвинетиот му се става на товар дека сторил кривично дело – Полов напад на дете што не наполнило 14 години од чл. 188 ст.1 од Кривичниот законик.
Настанот се случи на 22 јули годинава кај комплексот на згради кај Млечниот ресторан во Скопје. Обвинетиот извршил друго полово дејствие врз дете што не наполнило 14 години.
Поради постоење на опасност од бегство и повторување на делото, Основното јавно обвинителство – Скопје со Обвинителниот акт достави и Предлог за продолжување на мерката – Притвор.