Денеска надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 25 март годинава, обвинетиот на плоштадот Македонија физички нападна пратеник на Собранието на Република Македонија. Идентитетот на обвинетиот беше утврден по јавување на граѓани откако по налог на Основното јавно обвинителство Скопје беше објавена неговата фотографија од страна на Министерството за внатрешни работи.
Ценејќи дека се исполнети законските основи заедно со обвинението до судот е доставен и предлог за определување на мерката притвор за обвинетото лице.