Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба эа спроведување на истражна постапка против три лица осомничени за кривично дело Измама.
Осомничените се товарат за дела извршени во 2013 година кога со намера за себе да прибават противправна имотна корист, лажно прикажувале факти во исправките на даночните пријави за одредени правни лица во кои биле внесени невистинити податоци. Прикажувале побарувања по основ на поврат на ДДВ, иако таков промет по кој би се остварил поврат на ДДВ во име на овие правни субјекти воопшто немало, со што ги довел во заблуда одговорните за поврат на ДДВ во Управата за јавни приходи – Скопје. УЈП извршила враќање на ДДВ на банкарските сметки на предметните правни субјекти во значителен износ. Осомничените ги присвоиле паричните средства, оштетувајки ги за значителна вредност УЈП и Буџетот на Република Македонија.
Во конкретниот случај на првоосомничениот на товар му се ставаат две кривични дела Измама со тоа што во едното осомничениот има улога на потикнувач, додека на третообвинетиот му се става на товар кривично дело Измама во кое истиот имал улога на помагач во извршувањето на кривичното дело.
Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи и до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе предлог эа определување мерка притвор против двајца осомничени.
Во Основното јавно обвинителство Скопје продолжува преэемањето на истражните дејствија по овој предмет.