Соопштенија

Основното јавно обвинителство Тетово започна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали

Надлежен јавен обвинител од  Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување  на истражна постапка за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки  материјали.
 
Осомничениот во својот дом и помошните простории неовластено држел поголемо количество  на муниција и огнено оружје , кое било пронајдено од страна на полициски службеници од СВР Тетово.
 
Ценејќи дека постојат законските основи, надлежниот Јавен обвинител до судијата на предходна постапка од Основниот суд Тетово поднесе Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.