По поднесената кривична пријава од Царинската управа на Република Македонија, Основното јавно обвинителство во Велес на 15. 11. 2014 година, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничениот патувајќи во автобус кој сообраќа на редовна линија Истанбул – Скопје на ден 14.11.2014 година неовластено, заради продажба, пренесувал наркотична дрога – хероин во вкупна количина од 1158 грама. Дрогата сместена во 2 пакувања од тетра-пак сок во најлон кесе ја внел во автобусот и ја сместил во просторот за личен багаж над седиштата.
Поради постоење на околностите кои укажуваат на опасност од бегство и постоење на оправдан страв дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, Основното јавно обвинителство во Велес поднесе предлог до судијата на претходна постапка при Основен суд – Велес против осомничениот да се определи мерка притвор.
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА