Соопштенија

Основното јавно обвинителство во Кочани поведе постапка против 25 лица заради непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе предлози за казнени налози против 23 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети не ги почитувале мерките на Владата на Република Северна Македонија за сузбивање на опасната болест предизвикана од коронавирусот, со тоа што пеш или со возило се движеле низ градот за време додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата.

За стореното кривично дело, обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парични казни во висина до 2000 евра.

За две лица, обвинителството до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог, бидејќи тие покрај стореното кривично дело – – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1, го сториле и кривичното дело – Напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.