Соопштенија

Основното јавно обвинителство во Кочани поведе постапка против 26 лица заради непостапување според здравствените прописи


Обвинетите 26 лица во одделни кривично правни настани, во периодот од 23 април до 22 мај 2020 година, го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Тие не ги почитувале мерките на Владата на Република Северна Македонија за сузбивање на опасната болест предизвикана од коронавирусот, со тоа што пеш или со возило се движеле низ градот за време додека во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата.

За стореното кривично дело, обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парични казни во висина од 500 до 2000 евра во денарска противвредност.