Соопштенија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција гони уште 3 лица за случувањата во кумановско „Диво Насеље“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ја прошири истрагата за настаните во „Диво Насеље“. Врз основа на досегашните докази од истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај годинава, надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за спроведување на истражна постапка за уште три македонски државјани, за кои постои сомнение за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394 – а и „Тероризам” од чл. 394 -б од Кривичниот законик.

Во исто време, за тројцата осомничени, обвинителот до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка – Притвор.

Осомничените во моментов не се достапни на органите на прогонот.