Соопштенија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција истражува криумчарење на мигранти откриено по случена сообраќајна незгода

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство – Струмица,  презема  дејствија за расветлување и документирање на кривично правниот настан со елементи на кривично дело -Криумчарење мигранти од чл.418-б и кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 од Кривичниот законик.
Имено, во текот на вчерашниот ден се случи сообраќајна несреќа во Струмица, кога македонски  државјанин управувајќи патничко моторно возило, ја изгубил контролата на управување над возилото и излетал од патот удирајќи во столб од улично осветлување. При вршење на увид на лице место за случената сообраќајна незгода,  констатирано е дека патници во возилото се 6 мигранти,  со што е утврдено сторено кривично дело Криумчарење на мигранти за кое Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  поведе постапка.
Во тек е преземањето на активности за утврдување на фактите во предметот, меѓу нив и вршење на распит на мигрантите – учесници во сообраќајна незгода.